Достапни линкови

Зариф: Светските сили не треба да вршат притисок врз Иран


Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, вели дека САД и другите светски сили не треба да вршат притисок врз Иран за да се постигне договор за ограничување на неговата нуклеарна програма. Зариф пред разговорите со американскиот државен секретар Џон Кери во швајцарскиот град Лозана, рече дека е време САД, Британија, Франција, Германија, Кина и Русија да одлучат меѓу притисок и договор. Зариф изјави дека иранскиот народ одлучил да се „ангажира достоинствено“, како одговор на видео пораката на американскиот претседател Барак Обама до Иран, во која вели дека Иранците се соочуваат со избор меѓу натамошна изолација или посветла економска иднина. Шесте сили сакаат Иран да прифати договор со кој ќе ја лимитира нуклеарната програма и со тоа да ги смири стравувањата дека може да развива нуклеарно оружје, во замена за намалување на економските санкции. Иранските власти велат дека нуклеарната прпограма на Техеран е исклучиво мирољубива. Страните се обидуваат да постават рамка за договор до 31 март и целосен договор до 30 јуни.

XS
SM
MD
LG