Достапни линкови

„Прислушувањето“ укажува дека има проблем во државата


Руслан Стефанов, Директор на економскиот програм на Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) од Бугарија,

Руслан Стефанов, Директор на економскиот програм на Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) од Бугарија,

Важно е и за власта и за опозицијата да се знае кој има пристап до посебни информации, затоа што тие информации можат, меѓу другите, да отидат во организирани групи или терористи, вели експертот од Бугарија, Руслан Стефанов.

Опозицијата во секоја земја е еден од најважните фактори во контрола на власта, рече Руслан Стефанов, Директор на економскиот програм на Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) од Бугарија, запрашан да го коментира случајот со наводното прислушување во Македонија. Тој вели дека случаите како овој покажуваат дека има реален проблем во земјата.

Не ги знам деталите, но контролата на единиците за истрага не е толку добра колку што треба. Важно е и за власта и за опозицијата да се знае кој има пристап до посебни информации, затоа што тие информации можат, меѓу другите, да отидат во организирани групи или терористи.

„Не ги знам деталите, но контролата на единиците за истрага не е толку добра колку што треба. Важно е и за власта и за опозицијата да се знае кој има пристап до посебни информации, затоа што тие информации можат, меѓу другите, да отидат во организирани групи или терористи. Надвор од политичка дебата низ која поминува Македонија, како што поминуваат и многу други земји, има потреба од поголема отчетност при користењето на посебните истражни мерки од страна на државата“, рече Стефанов. Тој зборуваше на денешниот форум за ризиците од корупцијата и организираниот криминал, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка и ЦИД.

Презентирајќи го извештајот Стефанов рече дека македонската Владата направила многу во справувањето со организираниот криминал и корупција, но и останува уште многу да направи на полето на обелоденувањето на јавни информации, како и тоа да се координираат одговорните институции за да се дадат точни податоци за тоа колку луѓе се обвинети и осудени.

Дел од граѓаните во нашата земја (55 отсто) се уште не прифаќаат ниту една форма на корупција, но сепак во споредба со земјите од регионот свесноста кај граѓаните во Македонија е на пониско ниво.

Во извештајот се наведува дека најчести форми на организиран криминал во земјата се трговија со дрога, криумчарење мигранти, а во делот на финансиски криминал тука се затајувањето данок и изнудата. Поранливи на ризик од организиран криминал се граничните и сообраќајните полицајци, како и полицијата за сузбивање криминал. А најчести форми на корупција што ги користи организираниот криминал за влијание на политичарите во Македонија се поткупот и трговијата со влијание. Голем дел од компаниите (дури 68 отсто) сметаат дека службените лица преземаат корупциски активности, но компаниите не преземаат ништо за да го откријат тоа. Половина од фирмите сметаат дека и да пријават нема да постигнат ништо, а другиот дел се плашат од негативни последици. Клучни индустрии, кои ги идентификуваат компаниите како појдовна точка на организираниот криминал се градежната индустрија, индустријата за управување со отпад, туризмот, компаниите за обезбедување, индустријата з апроизводство на тутун, итн.

Од МЦМС велат дека граѓаните ја сместиле корупцијата на 5 место на проблеми со кои се соочуваат, а криминалот е на 7 место како проблем во државата, додека на прво и второ место според перцепцијата на граѓаните се невработеноста и сиромаштијата.

„Дел од граѓаните во нашата земја (55 отсто) се уште не прифаќаат ниту една форма на корупција, но сепак во споредба со земјите од регионот свесноста кај граѓаните во Македонија е на пониско ниво, тоа исто така укажува на ризик дека самото на информирање или едуцирање на граѓаните за негативните појави и последици од корупцијата и организираниот криминал е се уште на ниско ниво“, рече Емилија Туџаровска-Ѓорѓиевска, проект координатор во МЦМС.

Професор Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија вели дека во Македонија не знаеме каков е проблемот со организираниот криминал и со корупцијата.

„Имаме една статистичка бројка дека основен суд има 1768 случаи на организиран криминал, мене како долгогодишен аналитичар во оваа област таа бројка ништо не ми значи, особено ако имаме предвид дека различно се водат статистиките во МВР, во Јавното обвинителство и во судството “, вели Тасева.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG