Достапни линкови

Лавров повика на нови преговори за украинската криза


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, повика да се одржи нова средба на групата Нормандија составена од четири нации, за да посредуваат за договор за мир во Украина. Лавров денеска изјави дека веќе стапил во контакт со министрите за надворешни работи на Германија и Франција, за да ги повика да се одржат нова рунда преговори „за да се спречи влошувањето на ситуацијата“. Повикот на Лавров следува откако украинскиот парламент на 17 март гласаше закон, кој им доделува специјален статус на источните региони кои ги контролиураат проруските сепаратисти и предвидува ограничена самоуправа, но само откако ќе се одржат избори според украинскиот закон. Проруските сепаратисти и Кремљ рекоа дека законот го крши договорот за прекин на огнот од Минск.

XS
SM
MD
LG