Достапни линкови

ИД презема одговорност за нападот на музејот во Тунис


Во аудио снимка наводно објавена од екстремистичката група на Исламската држава, се тврди дека тие се одговорни за нападот на музејот во главниот град на Тунис, во кој загинаа 23 луѓе. Снимката денеска е објавена на интернет. Гласот на снимката ги пофали двајцата напаѓачи на музејот во Тунис и вети дека ќе има следни напади. Туниските власти соопштија дека се уапсени девет лица кои се поврзуваат со нападот. Дваесет странци беа убиени кога напаѓачите упааднаа вчера во музејот и почнаа да пукаат во луѓе.

XS
SM
MD
LG