Достапни линкови

Тачи: не сме стигнати до прашањето за влез во Владата


Лидерот на ДПА Мендух Тачи, денеска на брифинг со новинарите рече дека разговорите со ВМРО – ДПМНЕ засега не се стигнати до прашањето за влез во Владата, но дека разговараат и за други политички прашања. Тачи изјави дека и при формирањето на Владата јавно информирале дека се подготвени да ја поддржат, доколку има позитивни чекори за деблокирање на интеграциските процеси и околу распределбата на буџетот за финасирање на образованието и културата на Албанците и инфраструктурата. Во однос на аферата „Прислушување“, Тачи истакна дека во двата објавени негови разговори со директорот на УБК Сашо Мијалков, тој не разговара со него како со шеф на тајна служба туку како со висок претставник на ВМРО - ДПМНЕ и оти двата разговори не се веродостојни освен, како што вели, во деталот околу подршката за поништување на избирачки места во Струмица, откако СДСМ гласало за поништување на избирачки места во Струга, што ДПА не можеле да го толерираат. За можноста за меѓународно посредување во надминувањето на состојбите, Тачи рече дека успешноста на посредувањето зависи од волјата на домашните политички лидери. За него формирањето на парламентарна анкетна комисија на чело со претставник од ДПА е најдоброто можно решение на кризата со експертска помош на меѓународната заедница.

XS
SM
MD
LG