Достапни линкови

Средба на Иванов со амбасадори за прислушувањето


Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со американскиот амбасадор Џес Бејли, шефот на Делегацијата на Европската унија Аиво Орав, со претставникот на Мисијата на ОБСЕ, Мариан Берц и со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, капетан Румен Радев. Од кабинетот на претседателот информираат дека на средбата биле разменети мислења и информации околу актуелната политичка состојба во Македонија, како и за состојбите и очекувањата во врска со членството на земјата во ЕУ и во НАТО. Претседателот Иванов истакнал дека Македонија високо го цени партнерството и пријателството кои, како што вели, во континуитет се развиваат со САД, ЕУ, НАТО и ОБСЕ, а изразил и благодарност до соговорниците за нивната посветеност кон надминување на предизвиците поврзани со актуелната политичка состојба во земјата.

XS
SM
MD
LG