Достапни линкови

Јатсенук ја повика ЕУ да ги продолжи санкциите кон Русија


Премиерот на Украина, Арсениј Јатсенук, ја повика Европската унија да ги задржи и да ги засили санкциите кон Русија, ако Москва не го спроведува договорот од Минск за ставање на крај на конфликтот во Украина. Јатсенук, по денешните разговори во Брисел со претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, исто така повика на заедништво во политиката однос на санкциите кон Русија, додавајќи дека недостатокот на согласност меѓу земјите членки на ЕУ би значело најголем успех за Путин и катастрофа за слободниот свет. Лидерите на ЕУ се очекува денеска да одлучат дали до декември да ги продолжат економските санкции кон Русија.

XS
SM
MD
LG