Достапни линкови

ОН: Милитантите на ИД треба да бидат обвинети за геноцид


Ukraine -- A general view of the National Security and Defense Council of Ukraine sitting in Kyiv, February 18, 2015

Ukraine -- A general view of the National Security and Defense Council of Ukraine sitting in Kyiv, February 18, 2015

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации, соопштија дека е можно милитантите на Исламската држава да извршиле геноцид врз ирачките Јазиди, како и злосторства против цивили и против човештвото. Во извештајот, Канцеларијат за човекови права на ОН го повикува Советот за безбедност да поднесе иницијатива за справување со ситуацијата во Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Групата на Исламската држава во јуни зазеде делови на јужен Ирак, убувајќи стотици мажи од религигиските малцинства, особено Јазиди, додека жените и малите деца ги принудуваа да го прифатат исламот, а стотици илјади луѓе ги напуштија своите домови во Ирак. Извештајот на ОН е направен врз основа на интервјуа со повеќе од 100 жртви на борците на ИД и сведоци на злосторства против религиските малцинства. Во извештајот се додава оти можеби ирачките владини сили и милицијата извршиле воени злосторства борејќи се против силите на ИД.

XS
SM
MD
LG