Достапни линкови

„Бомбите“ стигнуваат до граѓаните и покрај медиумските сопки


Сè поголем е бројот на граѓаните кои велат дека ги слушнале снимките од прислушуваните разговори кои ги објави опозицијата.

Обидот за цензурирање на информациите околу аферата со прислушувањето во Македонија не може да ја спречи информираноста на граѓаните. Сè поголем е бројот на граѓаните кои велат дека ги слушнале снимките од прислушуваните разговори кои ги објави опозицијата.

Не верувам дека се монтирани. Лаички од тоа што јас можам да заклучам, делува дека се автентични.

Граѓаните кои ги анкетиравме во рубриката Хајд Парк се со поделен став околу прашањето дали снимките кои се дел од таканаречените бомби на опозицијата се точни.

„Ги слушнав и верувам дека делумно е точно.“

„Не знам што да мислам, затоа што не сум сигурен дали тоа е вистина или не е вистина.“

„Дали верувам дека е прислушувано? Да.“

„Не верувам дека се монтирани. Лаички од тоа што јас можам да заклучам, делува дека се автентични“, велат анкетираните граѓани.

Дел од граѓаните велат дека откако ги слушнале прислушуваните разговори за кои опозицијата тврди дека се водени меѓу високи владини фунционери, го смениле мислењето за министрите поради начинот на кој ја практикуваат власта.

Што мислите за содржината на прислушуваните разговори? Вашите коментари може да ги оставите овде.

„Се смени перцепцијата кон тие луѓе за начинот на кој функционираат, најопшто кажано поради заобиколувањето на институциите, тоа по мене е најстрашно.“

Мислам дека таквите начини и обиди за цензурирање на протокот на информациите нема да дадат никаков успех.

„Немаат кредибилитет да останат на тие места.“

Дел од нив сметаат дека објавените снимки од разговорите се само доказ за злоупотребата на власта.

„Јас ја замислував државата како една фамилија, како еден дом, а никој не се грижи за домот, а ако не се грижиш за домот тој ќе се растури“, велат анкетираните граѓани.

Комуниколот Сефер Тахири вели дека информацијата допира до граѓаните без разлика дали некој се обидува да ја цензурира или не.

„Самиот факт што денеска имаме голем број на интернет медиуми, развојот на социјалните мрежи секојдневно е во подем, мислам дека таквите начини и обиди за цензурирање на протокот на информациите нема да дадат никаков успех и сметам дека граѓаните конечно ќе бидат запознаени“, вели Тахири.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG