Достапни линкови

logo-print

Обама повикан да признае геноцид врз Ерменците


Членовите на Претставничкиот дом на САД, предложија резолуција со која го повикуваат претседателот Барак Обама да ги признае како геноцид масовните убиства на Ерменците од страна на отоманските војници, за време на Првата светска војна. Резолуцијата за вистината и правдата за ерменскиот геноцид е поддржана од 40 републиканци и демократи. Тие повикуваат Обама да помогне во стабилизирање и подобрување на ерменско-турските врски, „врз основа на целосно признавање на фактите од страна на Турција и тековните последици од ерменскиот геноцид, како и фер, праведно и сеопфатно меѓународно решавање на злосторството против човештвото.“ Спорот, и по еден век, продолжува да ги влошува односите меѓу Турција и Ерменија. Анкара прифаќа дека многу Ерменци биле убиени во судирите, но негира дека 1 и пол милиони биле убиени во акт на геноцид, опис кои го користат некои историчари ивлади.

XS
SM
MD
LG