Достапни линкови

logo-print

Одложувањето на средбите меѓу европските и македонските политичари е сигнал дека приказната на власта не проаѓа во европските кругови.

Меѓународната заедница одлучи да заземе проактивен пристап во решавањето на политичката криза во Македонија, а одложувањето на средбите меѓу европските и македонските политичари е сигнал дека приказната на власта не проаѓа во европските кругови, вели Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование.

Таа приказна дека се работи за странски служби кои работат против Македонија, а се удружени со опозицијата, дека таа приказна не се прифаќа кај меѓународната јавност и дека разрешница на кризата нема да биде само судскиот процес којшто го започна обвинителот.

„Таа приказна дека се работи за странски служби кои работат против Македонија, а се удружени со опозицијата, дека таа приказна не се прифаќа кај меѓународната јавност и дека разрешница на кризата нема да биде само судскиот процес којшто го започна обвинителот.“

Меѓународната јавност се посериозно ја сфаќа сериозноста на ситуацијата во земјава, а одложувањето на средбите на европските дипломати со претставници на македонскиот државен врв е порака за преиспитување на легитимноста на институциите и на оние кои ги предводат нив, вели политичкиот аналитичар Рамадан Рамадани од Институтот за слободна мисла НИСМА.

„Се дава до знаење дека секој веќе стрепи да легитимира остатоци од институции кои се узурпирани во Македонија.“

Освен средбата на Груевски во НАТО, сите други средби се или откажани или одложени, вели Маричиќ според кој тоа е порака дека Владата во Македонија е под притисок да направи повеќе од тоа што го прави за разрешување на политичкиот ќорсокак.

Се дава до знаење дека секој веќе стрепи да легитимира остатоци од институции кои се узурпирани во Македонија.

„Медијаторството од страна на меѓународната заедница ќе оди на повеќе нивоа. Едното ќе биде парламентарното преку тројката евро-пратеници Кукан, Ховит и Вајгел, тоа ќе решава некои прашања на одредено ниво, веројатно на институционално повеќе. Сигурно ќе има ангажмани и од Советот на ЕУ, односно од клучните држави членки коишто ќе треба да делуваат на владини ниво, на високо политичко ниво.“

Рамадани вели дека во оваа фаза повеќе од неопходна ни е помошта од меѓународните претставници за да се намине политичката криза во земјава.

„И граѓаните на Македонија треба да укажат на сериозноста на оваа состојба преку своите невладини организации. Да се донесе до таква состојба што тие на пример како во случај на надворешно поробување би ја помогнале Македонија, така треба и во случај на внатрешно поробување и узурпирање на правната држава.“

Во меѓувреме пораки за загриженост поради случувањата во Македонија пристигнаа и од Обединетите Нации, а новиот генерален секретар на европската служба за надворешни работи, Ален Ле Роа најави дека европски пратеници да пристигнат во земјава до крајот на месецов. Во исто време пак, средбите на претседателот Ѓорге Иванов со претседателите на Европскиот парламент и Европскиот Совет, Мартин Шулц и Доналд Туск кои требаше да се случат до крајот на месецов, се одложени. Неодамна по барање на претседателот на Европската Комисија Јункер беше откажана и средбата со премиерот Никола Груевски, а нема најави дека во скоро време ќе се оствари средба помеѓу германската канцеларка Анѓела Меркел и премиерот Груевски.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG