Достапни линкови

Почна протестниот марш на средношколците


Предмалку кај фонтаната во Градскиот парк во Скопје почна протестен марш чија цел е, како што велат од Средношколскиот пленум, да се стави крај на лошите реформи во средното образование. „Бараме враќање на стариот концепт на матура и мирување на законот за екстерно тестирање. Време е да го отфрлиме туѓото влијание бидејќи образованието ни припаѓа нам“, порачуваат средношколците.

Тие имаат поддршка од Наставничкиот пленум, од каде што реагираат и на договорот кој го постигна СОНК со Министерството за образование и наука. Маршот во Скопје ќе заврши пред Министерството за образование. Организаторите апелираат протестите да бидат мирни, без говор на омраза, насилство и истакнување на национални и партиски симболи.

XS
SM
MD
LG