Достапни линкови

Путин на средба со висока кинеска делегација


Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва ќе оствари средба со Ли Женшу, еден од шефовите на Комунистичката партија на Кина и близок соработник на кинескиот претседател Си Џинпинг.На средбата се гледа како на уште еден сигнал за приближувањето на односите меѓу Русија и Кина во момент кога релациите на Москва со Западот се на најниско ниво од Студената војна. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека кинескиот претседател потврдил дека ќе присуствува на прославите во Москва по повод 9 Мај, Денот на победата над фашизмот.

XS
SM
MD
LG