Достапни линкови

logo-print

Протест на средношколците во Македонија


архива

архива

Во неколку градови во Македонија за денеска е најавен протестен марш со цел, како што велат од Средношколскиот пленум, да се стави крај на лошите реформи во средното образование. „Бараме враќање на стариот концепт на матура и мирување на законот за екстерно тестирање. Време е да го отфрлиме туѓото влијание бидејќи образованието ни припаѓа нам“, порачуваат средношколците. Тие имаат поддршка од Наставничкиот пленум, од каде што реагираат и на договорот кој го постигна СОНК со Министерството за образование и наука. Маршот во Скопје ќе започне кај фонтаната во Градскиот парк, а ќе заврши пред Министерството за образование. Организаторите апелираат протестите да бидат мирни, без говор на омраза, насилство и истакнување на национални и партиски симболи.

XS
SM
MD
LG