Достапни линкови

logo-print

Заев најавува нови „бомби“ за Груевски


Лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто за Ал Џезеира Балкан изјави дека со објавувањето на снимките во врска со елитните парцели на Водно само бил отворен пакетот со кој се открива, како што изјави, личната нечесност на премиерот Никола Груевски. „Ова е само мал дел. Следуваат неколку чекори коишто ќе ја разобличат нечесноста на Груевски. Не е само уништена демократијата и осиромашена државата“, вели Заев за Ал Џезеира Балкан. Тој најави откривање на информации за загинатиот уредник и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов, за затворањето на А1 телевизија, за процесот на лустрација, како и за, како што рече, предавство на името.

XS
SM
MD
LG