Достапни линкови

ОН го осудија нападот во музејот во Тунис


Советот за безбедност на Обединетите нации го осуди нападот во музејот во Тунис, оценувајќи дека никаква терористичка акција нема да го сврти патот на земјата кон демократија. Во нападот во кој неколку вооружени лица упаднале во музејот Бардо кој е во рамките на добро чуваниот туниски парламент биле убиени 17 странски туристи и двајца Тунижани. Безбедносните сили убиле двајца милитанти во операцијата за ослободување на заложниците во музејот. Тунискиот претседател Беџи Каид Есебси во телевизиско обраќање изјави дека земјата е во војна против тероризмот. Нападот наиде на осуда во меѓународната заедница.

XS
SM
MD
LG