Достапни линкови

logo-print

Бајден и Порошенко за кризата во Украина


Американскиот потпретседател Џо Бајден и украинскиот претседател Петро Порошенко се согласиле дека санкциите против Русија мора да бидат поврзани со целосното спроведување на договорот што во минатиот месец беше постигнат во Минск. Во телефонскиот разговор, како што објави Белата куќа, Бајден го поздравил тоа што украинскиот парламент понудил посебен статус за источните региони кои се под контрола на бунтовниците при што им се гарантира ограничена самоуправа но само откако таму ќе бидат спроведени локални избори според украинските закони. Русија и бунтовниците ги отфрлија ваквите услови.

XS
SM
MD
LG