Достапни линкови

Високо ниво на жива ги загрозува птиците на Арктикот


Научниците велат дека нивото на жива во пердувите на птиците на Арктикот, е зголемено речиси за 50 пати повеќе во последните 130 години. Канадските биолози анализираат музејски примероци на пердуви од галеби од од тој период. Во студија објавена денеска, се вели дека многу видови со децении се изложени на жива. Тимот научници вели дека тоа би можело да има влијание врз способноста на птиците за репродукција. Нивото на жива расте во арктичките птици, риби, и цицачи, главно поради атмосферското загадување предизвикано од согорување на јаглен.

XS
SM
MD
LG