Достапни линкови

Деветнаесет загинати во нападот на музејот во Тунис


Премиерот на Тунис, Хабиб Есид соопшти дека 19 луѓе, вклучително 17 туристи се убиени од вооружено лице кое нападнало музеј во гласвниот град Тунис. Есид рече дека 22 туристи и двајца Тунижани биле повредени во денешниот напад, кој заврши откако двајцата напаѓачи беа убиени од стран на безбедносните служби. Ослободени се туристите кои беа држени како заложници. Есид вели дека италијански, германски, полски и шпански туристи се меѓу убиените во музејот Бардо во близина на Парламентот во Тунис. Еден од загинатите Тунижани е припадник на безбедносните сили.

XS
SM
MD
LG