Достапни линкови

СДСМ поднесе кривична пријава против градоначалникот на Битола


Општинската организација на СДСМ Битола, денеска во општинското јавно обвинителство поднесе кривична пријава против битолскиот градоначалник Владимир Талески, како што наведуваат, заради коруптивен договор за превоз на ученици во 2010 година.

„Кривичната пријава произлегува од тврдењата во јавно објавените разговори на министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, изјави Васко Ковачевски, пратеник и претседател на Општинската организација на СДСМ Битола.

Градоначалникот на Битола Владимир Талески, изајави дека Општина Битола работи законски и дека нема ништо коруптивно или незаконско во неговото работење.

„Раководството на СДСМ во недостиг на идеи всушност најавува почеток на распад на СДСМ бидејќи досега ништо не направиле ниту за државата ниту за партијата. Не сум изненаден од поднесената пријава, тоа укажува на немоќта, а нивните бомби се преполни со прашина и магла и лов во матно. Нема граѓанин во Република Македонија што ќе поверува во нивните лаги. Мислам дека е добро јавниот обвинител да погледне и јавно да соопшти дали е така или не е така, изјави Талески.

XS
SM
MD
LG