Достапни линкови

logo-print

Осум загинати во напад на музеј во Тунис


Осум луѓе се убиени во напад на музеј во гласвниот град на Тунис. Портпаролот на министерството за внатрешни работи соопшти дека еден од загинатите во денешниот напад е државјанин на Тунис, а за останатите жртви се вели дека се туристи. Државната телевизија објави дека најмалку седум туристи и еден Тунижанец се убиени во напад. Има и непотврдени извештаи дека неколку луѓе биле земени како заложници и дека двајца милитанти се кријат внатре во музејот, кој е опкружен од безбедносните сили. Не е познато кои се напаѓачите. Тунис во последните години се соочува со насилство од екстремистички групи, некои се поврзуваат и со групата на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG