Достапни линкови

ЕУ ја разгледува можноста за продолжување на санкциите кон Русија


Лидерите на Европската унија размислуваат да ги продолжат економските санкции кон Русија, на утрешниот сосотанок во Брисел. Дипломат на ЕУ зборувајќи анонимно за Радио Слободна Европа вели дека претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск работи со Германија и Франција на предлог кој сугерира овој месец да биде донесена одлука да се продолжат санкциите до декември кон руските банки и нафтениот секотр. Но, дипломатите на некои земји од ЕУ, вклучително Грција, Австрија и Словачка, сакаат одлуката да ја донесеат во јуни, кога некои од санкциите треба да бидат обновени. Предлогот заклучоци за дводневниот самит остааваат празно место за одлуката за продолжување на санкциите, кои беа воведени како одговор на мешањето на Русија во Украина.

XS
SM
MD
LG