Достапни линкови

Средношколски марш против лоши реформи


Архивска фотографија - Протест на средношколци во Куманово против задолжително полагање математика на матура.

Архивска фотографија - Протест на средношколци во Куманово против задолжително полагање математика на матура.

Протестен марш низ неколку градови во земјава најавуваат за утре од Средношколскиот пленум. Од Наставничкиот пленум најавуваат и заеднички протест.

Средношколците утре ќе одржат протестен марш низ неколку градови во земјава со цел да се стави крај, на како што велат од Пленумот, лошите реформи во средното образование. Средношколците имаат поддршка од Наставничкиот пленум, од каде реагираат и на договорот кој го постигна СОНК со Министерството за образование и наука. Маршот во Скопје ќе започне кај фонтаната во Градскиот парк, а ќе заврши пред Министерството за образование.

Нашата цел е да не чујат и да соработуваат со нас, бидејќи во секоја реформа треба и ние да бидеме вклучени, оти сме директно инволвирани во истите и тие влијаат врз нас. Се надевам дека Министерството и Бирото ќе имаат слух за нашите проблеми.

Теано Кардула од Средношколскиот пленум вели дека нивните главни барања се укинување на екстерното и враќање на стариот концепт на матура.

„Ние се надеваме дека утре ќе наидеме на една соработка од Министерството и до Бирото пред се. Нашата цел е да не чујат и да соработуваат со нас, бидејќи во секоја реформа треба и ние да бидеме вклучени, оти сме директно инволвирани во истите и тие влијаат врз нас. Се надевам дека Министерството и Бирото ќе имаат слух за нашите проблеми“, вели средношколката Теано Кардула.

Според неа, средношколците имале притисоци во одредени градови преку летоци во кои било нагласено дека учениците соработувале со опозицијата.

Дел од нашите колеги се договараат за еден заеднички протест во текот на оваа недела на Наставничкиот пленум и на Средношколскиот пленум да го изразат незадоволството од сите донесени одлуки на Министерството.

„Ние секако се оградивме од тоа и сметаме дека ова е само еден обид да не спречат кој нас повеќе ќе не мотивира во очи на утрешниот протестен марш.“

Владо Димовски од Наставничкиот пленум вели дека ги поддржуваат барањата на Средношколскиот пленум и голем дел од наставниците ќе присуствуваат на утрешниот марш. Тој најавува и заеднички протест.

„Дел од нашите колеги се договараат за еден заеднички протест во текот на оваа недела на Наставничкиот пленум и на Средношколскиот пленум да го изразат незадоволството од сите донесени одлуки на Министерството, како и барање за мораториум на законите за наставници, академија, кариерен развој итн., пред Министерството за образование и наука.“

Димовски додава дека се противат на спогодбата помеѓу СОНК и Министерството, која е направена во нивно име и без консултација. Според него со договорот не е ништо постигнато.

„Има многу работи со кои не се согласуваме со договорот, бидејќи договорот меѓу МОН и СОНК опфати само еден сегмент околу казните на екстерното, а каде е подобрувањето на екстерното, каде е академијата за наставници, каде е кариерниот развој на наставниците, каде се условите во образованието, платите на наставниците? Тие за тоа воопшто не разговараат и токму заради тоа ние како просветни работници реагираме“, вели Димовски.

Во меѓувреме од Хелсиншкиот комитет за човекови права реагираа дека летоците се со цел да ги обесхрабрат младите слободно да го изразат своето мислење.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG