Достапни линкови

САД предупредуваат на руско влијание на Балканот


Архивска фотографија - Претседателот Ѓорге Иванов на средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средба во Охрид, 2011.

Архивска фотографија - Претседателот Ѓорге Иванов на средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средба во Охрид, 2011.

Зачестени предупредувања од САД се поради колебливото однесување на балканските држави во меѓународната политика, но и поради зголемените интереси на Русија, вели професор Нано Ружин.

Американската дипломатија периодов се почесто предупредува на зголемено руско влијание на Балканот. Американскиот помошник државен секретар задолжен за односи со јавноста, Даглас Френц, на дебата во Брисел вчера, како што јави МИА, ги предупредил земјите од Балканот, вклучително и Македонија, за како што рекол - она што доаѓало од Русија.

По пропаѓањето на Јужниот тек практично и Русите немаат голем интерес тука, туку практично само сака да го држи како монета за поткусурување, значи за балансирање на интересите во однос на Украина и Крим.

Френц посочил дека „очите на САД се фокусирани кон Балканот“ и дека „Американците се секогаш тука за да помогнат“.Тој додал дека како и другите земји кои ја опкружувале Русија и кои биле во сферата на нејзиното посакување и влијание и балканските земји требало да бидат загрижени за тоа што доаѓа од официјална Москва.

Ова е второ предупредување што доаѓа од американската администрација во краток период. Кон крајот на минатиот месец американскиот државен секретар Џон Кери зборувајќи пред поткомитетот на Сенатот за буџетот за наредната фискална година рече дека кога станувало збор за Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и други - Грузија, Молдавија, Придњестровјето, тие се на линијата на огнот“.

Тие ги нарекуваат држави од подалечен интерес, како што е на пример Србија, Црна Гора, Македонија итн., значи држави од Западен Балкан, коишто поседуваат одреден вид на чувствителност, на некој панславинизам.

Според професор Мерсел Биљали предупредувањата што доаѓаат од Соединетите Американски Држави укажуваат на реална можност од зголемено руско политичко, безбедносно и економско влијание на Балканот.

„По пропаѓањето на Јужниот тек практично и Русите немаат голем интерес тука, туку практично само сака да го држи како монета за поткусурување, значи за балансирање на интересите во однос на Украина и Крим“, вели Биљали.

Професорот Нано Ружин, пак, смета дека ваквите изјави се зачестени поради колебливото однесување на балканските држави во меѓународната политика, но и поради зголемените интереси на Русија. Тој нагласува дека официјална Москва во земјите што спаѓаат во првиот круг на нејзиниот интерес и каде што живее руско малцинство реагира и воено, но на друг начин се однесува кон земјите од Балканот.

„Тие ги нарекуваат држави од подалечен интерес, како што е на пример Србија, Црна Гора, Македонија итн., значи држави од Западен Балкан, коишто поседуваат одреден вид на чувствителност, на некој панславинизам. Инаку ако зборуваме за методите, за методологијата и за средствата на тоа поблиско комуницирање, секако во преден план тоа се економските средства , трговските средства, културолошките средства“, вели Ружин.

Покрај американската администрација за зголемено руско влијание на Балканот пред неколку месеци зборуваше и германската кацеларка Ангела Меркел која рече дека конфликтот во Украина може да прерасне во поголема спротивставеност.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG