Достапни линкови

Русија ја обвини Украина за кршење на договорот од Минск


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, вели дека украинскиот закон за статусот на источните региони кои се под контрола на проруските бунтовници е „фрапантно кршење“ на договорот за прекин на огнот од Минск. Лавров денеска остро го критикуваше Киев за законот кој вчера беше усвоен во украинскиот парламент, што укажува на поткопување на шансите за постигнување на политички договор меѓу Украина и проруските сепаратисти. „Не знам како ќе продолжи политичкиот процес“, рече Лавров. Тој изјави дека испратил порака до министрите за надворешни работи на Германија и Франција што го привлече нивното внимание кон повредата на првите чекори од политичкиот дел на минскиот пакет. Украинскиот парламент го одобри законот кој дава преглед на границите на одредени области кои се под контрола на бунтовниците, што може да им се додели посебен статус со ограничена самоуправа, но откако ќе бидат одржани избори во согласност со украинскиот закон и меѓународно набљудување.

XS
SM
MD
LG