Достапни линкови

Убиени 34 милитанти во Пакистан


Пакистанската војска денеска објави дека 34 милитанти се убиени на североистоткот на земјата, во близина на планините на границата со Авганистан. Во соопштението на војската се вели: „во прецизни воздушни напади во Тирах, денеска се убиени 34 терористи.“ Неименуван безбедносен претставник изјави дека загинатите припаѓале на забранетата милитантна група „Терик-е-Талибан Пакистан“ и сојузничката група „Лашкар-е-Ислам“. Пакистанските Талибанци се сојузници со авганистанските милитанти со истото име, но оперираат на различна територија. Власите рекоа дека постојат силини индикации дека лидетот на пакистанските Талибанци, Маулана Фазлула бил во областа за време на нападите.

XS
SM
MD
LG