Достапни линкови

Пробивање на булевар во Тетово - неизвесност за 20-тина семејства


Општината треба да откупи 3.300 метри квадратни приватно земјиште, а потоа да урне 19 објекти, за да го пробие булеварот „Благоја Тоска“. Во 2014 година во буџетот беа предвидени пари, но потоа беа пренаменети. И годинава во општинската каса се планирани средства за таа намена.

Пробивањето на булеварот „Благоја Тоска“ кај мостот блиску до болницата во Тетово претставува голема неизвесност за 20-ина семејства кои со години чекаат разврска на овој инфраструктурен проблем. Доколку се реализира пробивањето, односно спојувањето на булеварот со мостот и продолжување кон јужната страна од градот ќе треба да се рушат куќите каде живеат стотина лица.

Зборуваат на телевизија дека ќе се гради, меѓутоа никој на нас не ни предложил ништо, апсолутно. Не сме против ова бидејќи патот му треба на цело Тетово.

Градоначалничката Теута Арифи уште од 2013 година најавува дека оваа делница ќе се направи бидејќи значително може да помогне во подобрување на патната инфраструктура во градот.

„Нас ни е битно да завршиме со процес на експропријација да излезе на работа на „Благоја Тоска“. После тоа лесно ќе биде поврзувањето на други патишта“, вели Арифи.

Од друга страна луѓето кои живеат во куќите велат дека никој од општинските власти не разговарал со нив околу експропријацијата на нивните домови.

За да може да излеземе од овој колапс во Тетово што се случува, од оваа криза што ја има во градот. Со улицата за 30 проценти би се намалил сообраќајот во центарот на градот.

„Зборуваат на телевизија дека ќе се гради, меѓутоа никој на нас не ни предложил ништо, апсолутно. Не сме против ова бидејќи патот му треба на цело Тетово. Ако градиме ние нешто тука знаеме дека е погрешна инвестиција. Една соба да правиш значи пет-шест илјади евра. Е сега да градиш, па да дојде некој да го расипе и тоа не е во ред.“

„Јас тука живеам 60 и кусур години. Мостот е направен 17 години. Секоја година има ветување, на крај нема ништо.“

„Чекаме од општина да не повикаат.“

Професорот по инфраструктура Вулнет Палоши вели дека пробивањето на булеварот ќе биде корисна работа. Тоа е една од неколкуте идеи како да се намали сообраќајниот метеж.

„Ние долго време зборуваме за улицата „Благоја Тоска“ која исто така би го растеретила сообраќајот. За неа постои комплетна документација. За да може да излеземе од овој колапс во Тетово што се случува, од оваа криза што ја има во градот. Со улицата за 30 проценти би се намалил сообраќајот во центарот на градот“, смета Палоши.

Општината треба да откупи 3.300 метри квадратни приватно земјиште, а потоа да урне 19 објекти, за да го пробие булеварот. Во 2014 година во буџетот беа предвидени пари, но потоа беа пренаменети. И годинава во општинската каса се планирани средства за таа намена.

XS
SM
MD
LG