Достапни линкови

logo-print

Во Србија уапсени 7 осомничени за злосторства во Сребреница


Српската полиција изутрината уапсила седуммина осомничени за воени злосторства во Сребреница. Во соопштението на Обвинителството за воени злосторства се наведува дека лицата биле уапсени на неколку локации во Србија. Тие се осомничени дека на локалитетот Кравица извршиле злосторства убивајќи над илјада цивили од муслиманска националност. Обвинителството и полицијата трагаат по уште неколку лица за кои се претпоставува дека се наоѓале надвор од Србија.

XS
SM
MD
LG