Достапни линкови

Сирија соопшти дека соборила американски дрон


Сириските државни медиуми јавија дека против воздушната одбрана соборила американско беспилотно летало на северозападот на земјата. Американски официјални претставници потврдија дека леталото од типот „Предатор“ паднало во Сирија, но оти се уште не било јасно дали било и соборено. Доколку се потврдат информациите, тогаш тоа ќе биде првото американско беспилотно летало кое било соборено во Сирија од почетокот на американската кампања против милитантите на Исламската држава во минатиот септември.

XS
SM
MD
LG