Достапни линкови

Путин и Ердоган за „Турскиот проток“


Претседателите на Русија и на Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарале за гасоводот „Турски проток“. По критиките од Европската унија, Путин во минатиот декември објави дека Русија се откажува од проектот „Јужен тек“, гасовод за пренос на руски гас под Црно Море до Бугарија а за продажба во Европа. Сега Кремљ се надева на изградбата на „Турски проток“ кој ќе завршува на турско грчката граница. Гасоводот треба да биде завршен до крајот на идната година. Новинските агенции јавуваат дека Ердоган планира во текот на неделава да ја посети Украина.

XS
SM
MD
LG