Достапни линкови

Во Израел се пребројуваат гласовите од изборите


По вчерашните парламентарни избори во Израел продолжува пребројувањето на гласовите. Излезните анкети покажуваат тесна трка меѓу партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху и Ционистичката унија на Исак Херцог. Според некои извештаи, Ликуд имал освоено 28 места во Кнесетот пред Ционистичката унија која добила 24 места. Нетанјаху на Твитер прогласи „голема победа“, додека Херцог порача дека „се уште било се отворено“. Доколку победи на Нетанјаху тоа ќе му биде четврти мандат. Тој изјави дека веќе разговарал со лидерите на другите десничарски партии и побарал од нив итно формирање силна и стабилна влада.

XS
SM
MD
LG