Достапни линкови

Времето денеска: претежно облачно


Во Македонија ќе биде претежно облачно. Во јужните и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд, на планините за слаб снег. Во другите делови од земјава ќе има подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од три до 10 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

XS
SM
MD
LG