Достапни линкови

Русија го обвини Западот за саботирање на прославата за Денот на победата


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, ги обвини Соединетите држави и како што вели, „агресивните“ членки на Европската унија дека прават планови да и ги расипат на Русија планираните прослави за одбележувањето на 70 годишнината од крајот на Втората светска војна. Лавров на состанокот во Кремљ, со кој претседаваше претседателот Владимир Путин, рече дека „дејствијата преземени од САД и агресивните членки на ЕУ, имаат влијание врз учеството на европските земји.“ Се очекува неколку западни лидери да учествуваат на прославата на 9 Мај во Москва. Многу од нив одлучија да не присуствуваат на настанот поради нелегалната руска анексија на Полуостровот Крим и континуираната поддршка на Кремљ на сепаратистите во Украина. Лавров рече дека се уште ги очекува да дојдат претседателите на Чешка и Кипар, како и премиерите на Грција и Слчовачка. Исто така се очекува да дојдат најмалку шест лидери од земјите кои не се членки на ЕУ.

XS
SM
MD
LG