Достапни линкови

Ципрас ќе ја посети Русија еден месец порано од планираното


Грчкиот премиер Алексис Ципрас, е поканет да ја посети Русија на 9 април, еден месец порано од планираното. Канцеларијата на Ципрас соопшти дека денска тој добил покана од рускиот претседател Владимир Путин да патува во Русија во април, наместо на 9 мај за кога Ципрас првично беше поканет. Канцеларијата на Ципрас соопшти дека Грција барала средбата со Путин да се одржи порано. Грчкиот премиер има закажано средба со германската канцеларка Ангела Меркел на 23 март, на која ќе разговаараат за напорите за повторно преговарање за големиот долг на земјата кон кредиторите. Министрите за финансии на еврозоната, на крајот на февруари се согласија да го одобрат мултимилионскиот пакет за зпас на Грција до крајот на јуни, но бараат Ципрас да се согласи на реформи пред земјата да ги добие следните пакети помош.

XS
SM
MD
LG