Достапни линкови

До крајот на месецов делегација на ЕП во посета на Македонија


Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска во Брисел потврди дека е примена поканата на македонскиот јавен обвинител за испраќање меѓународни набљудувачи за судскиот случај “Пуч“.

Коцијанчич исто така потврди дека пратеници од Европскиот парламент, до крајот на овој месец, ќе формираат група која ќе има цел да отиде во Македонија и да се обиде да ги помири најголемите политички партии во земјата.

- Но, говорејќи генерално, политичката обврска останува, сепак, на партиите во Македонија да покажат одговорност и да се вклучат во конструктивен дијалог за надминување на сегашниот ќорсокак и да се фокусираат врз стратешките приоритети на земјата и сите нејзини граѓани, изјави Коцијанчич.

XS
SM
MD
LG