Достапни линкови

Оптимизам во разговорите за нуклеарната програма на Иран


Шефот на нуклеарната програма на Иран, Али Ахбар Салехи, изјави дека главните несогласувања меѓу иранската влада и глобалните сили се решени. Салехи за иранската телевизија соопшти дека „главните прашања се затворени“. Тој исто така изрази оптимизам во врска со крајниот рок за постигнување договор до крајот на март, со кој треба да се спречат иранските нулеарни амбиции во замена за крај на меѓународните санкции врз Иран. Тој вели оти надева дека во преостанатото време може да се затвори прашањето. Висок американски претставник беше цитиран како вели дека „дефинитивно е направен прогрес во насока на утврдување на техничките можности во секоја од главните области“. САД и иранската делегација предводена од Државниот секретар Џон Кери и министерот за надворешни работи Џавад Зариф, почнаа нова рунда преговори за нуклеарната програма на Техеран во Лозана, Швајцарија.

XS
SM
MD
LG