Достапни линкови

Рускиот парламент одби да одржи едноминутно молчење во чест на Немцов


Долниот дом на рускиот Парламент го одби предлогот на пратениците да се одржи одноминутно молчење во чест на убиениот опозициски политичар Борис Немцов, кој беше поранешен пратеник во државната Дума. Предлогот денеска го направи Дмитриј Гудков, еден од малкуте опозициски пратеници во рускиот Парламент, во кој доминираат пратениците контролирани од Кремљ од партијата Обединета Русија. Спикерот во Парламентот Сергеј Наришкин одби да одржи гласање по предлогот на Гудков, велејќи дека преку телеграма веќе изразил им сочуство на роднините на Немцов во име на Думата. Немцов, кој беше гласен критичар на претседателот Владимир Путин, е убиен на 27 февруари во близина на Кремљ.

XS
SM
MD
LG