Достапни линкови

logo-print

Украинската пилотка продолжува со штрајк со глад


Украинската воена пилотка Надја Савченко, вели дека ќе продолжи со штрајкот со глад во рускиот затвор и дека е подготвена да умре ако не биде ослободена. Савченко оваа одлука ја објави во писмо од притворот во Москва. „Од 16 март го продолжувам штрајкот со глад се додека не бидам вратена во Украина или до мојот последен ден од мојот живот во Русија“, вели во писмото објавено на Твитер од еден од нејзините адвокати. „Немам намера да ја менувам мојата одлука“, додава Савченко. Таа загуби 20 килограми откако се храни со гликоза и витамини и откако го започна штрајкот со глад на 13 декември. Таа на 5 март престана со штрајкот со глад поради здравствени проблеми. Савченко е обвинета за вмешаност во минифрлачки напад во кој се убиени двајца руски новинари известувајќи за конфликтот меѓу владините украински сили и проруските сепаратисти во источна Украина.

XS
SM
MD
LG