Достапни линкови

Милитанти на ИД и во Авганистан


Високиот пратеник на Обединетите нации за Авганистан Николас Хејсом

Високиот пратеник на Обединетите нации за Авганистан Николас Хејсом

Високиот пратеник на Обединетите нации за Авганистан Николас Хејсом изјави дека најновите извештаи покажувале оти екстремистичката група Исламска држава се преселила и во Авганистан. Тој говорејќи пред Советот за безбедност наведе дека задача на мисијата на Обединетите нации е да не дозволи таа подлабоко да се вкорени во Авганистан. Рускиот заменик амбасадор во Обединетите нации Владимир Сафронков пак изјави дека Москва била загрижена поради зголемените терористички закани во Авганистан, особено на северот на таа земја кој порано бил мирен. Новинските агенции јавуваат дека поради појавата на милитантите на Исламската држава во Вашингтон се размислува да биде забавено повлекувањето на преостанатите американски сили од Авганистан.

XS
SM
MD
LG