Достапни линкови

Парламентарни избори во Израел


Денеска во Израел се одржуваат парламентарни избори за кои се смета дека се своевиден референдум за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Последните анкети покажуваат дека неговата Ликуд партија заостанува зад Ционистичката унија. Неколку часа пред изборите Нетанјаху изјави дека тој нема да дозволи формирање Палестинска држава ако и по четврти пат ја добие довербата и остане премиер на Израел.За време на кампањата тој предупреди и против склучување договори со Иран околу контроверзната нуклеарна програма на таа земја. Лидерот на поумерената Ционистичка Унија Исак Херцог го обвини Нетанјаху дека со заплашувања сака да го одвлече вниманието од социјалните прашања во Израел.

XS
SM
MD
LG