Достапни линкови

Осуда на нападите врз цркви во Пакистан


Лахоре

Лахоре

Пакистанскиот министер за внатрешни работи Нисар ал Кан ги оцени како нечовечки акт на тероризам самоубиствените напади врз две цркви во градот Лахоре. Во нападите загинале 17 лица, додека најмалку 70 биле ранети. Според Кан, овие напади на талибанците ја покажуваат нивната фрустрација поради интензивната офанзива на владините сили против нив. По нападите, бесните христијански верници во Лахоре запалиле две лица за кои се сомневале дека биле инволвирани во нападите

XS
SM
MD
LG