Достапни линкови

Повик на Црвениот крст за помош на Вануату


Црвениот крст упати повик за итна помош од над 3 милиони долари за преживеаните од циклонот Пем на Вануату. Невремето, односно силниот ветер од 300 километри на час однесе 24 човечки животи и предизвика огромни штети во оваа островска земја на Пацификот.Црвениот крст прецизира дека очајно е неопходно снабдување со вода и храна. Владата проценува дека скоро половина од населението, или 130 илјади биле директно погодени од циклонот.

XS
SM
MD
LG