Достапни линкови

Уништена гробницата на Садам Хусеин во Тикрит


Гробот на починатиот ирачки диктатор Садам Хусеин, наводно е уништен во борбите во близина на Тикрит. Снимки на новинската агенција АП покажуваат дека само неколку столбови е она што останало од мавзолејот во селото Ал-Аваја. Ирачките владини сили и припадниците на иранската шиитска милиција се борат да го преземат Тикрит од милитантите на Исламската држава. Ирачките функционери велат дека милитантите на ИД се опколени од сите страни и се заробени во неколку области во центарот на Тикрит.

XS
SM
MD
LG