Достапни линкови

Заев пред Обвинителството за примање поткуп


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев заедно со неговиот адвокатски тим денеска повторно беше во Јавното обвинителство поради сомненија за примање поткуп. Тој е осомничен дека примил поткуп од 200 илјади евра за приватизација на земјиште, односно дека како градоначалник на Стумица за да изврши пренамена на земјиштето од купувачот побарал 100 илјади евра за себе и 100 илјади за изградба на црква. Заев пред неколку дена поднесе кривична пријава против истиот бизнисмен, кој како што вели лидерот на опозицијата, му нудел поткуп.

XS
SM
MD
LG