Достапни линкови

Премиерот Груевски ги демантираше наводете на Заев за плацевите


Macedonia - Press conference by Prime Minister Nikola Gruevski.

Macedonia - Press conference by Prime Minister Nikola Gruevski.

Премиерот Никола Груевски во пишаната изјава во врска со вчерашните обвинувања од лидерот на СДСМ, најостро ги демантираше како целосно невистинити наводите изјавени од Зоран Заев за тоа дека наводно купувал градежни плацеви и дека наводно бил сопственик на било каков плац, или дека на било каков начин поседува имот надвор од оној кој е пријавен во неговиот анкетен лист.

„Овие наводи се целосно измислени и невистинити. Тоа се лаги и конструкции чија цел е јасна, а тоа е моја компромитација, како дел од сценариото кое овој човек го одработува. Очигледно, откако сфаќаат дека ефектот од ова што го прави Зоран Заев е далеку од она што го очекуваа, тој се повеќе се заглавува во нови и нови конструкции и на тој начин сака да го дефукисира вниманието од неговата лична одговорност базирана на злоупотреби и тешки кривични дела“, вели Груевски.

XS
SM
MD
LG