Достапни линкови

logo-print

Русија ќе одржи воени вежби на Арктикот


Рускиот министер за одбрана соопшти дека претседателот Владимир Путин наредил Северната флота на руската морнарица и воздухопловните единици да бидат во полна борбена готовност, како дел од предвремените воени вежби на Арктикот. Државната телевизија РИА денеска го цитираше Сергеј Шоигу како вели дека Русија се соочува со нови закани за безбедноста, поради што е принудена да ја зајакне својата воена сила. Во воената вежба ќе бидат вклучени 40 илјади трупи, 41 бродови и 15 подморници.

XS
SM
MD
LG