Достапни линкови

БиХ чекор напред кон Европската унија


Министрите за надворешни работи на Европската унија и го одобрија на Босна и Херцеговина следниот чекор на патот кон членството, откако политичарите се согласија на серија реформи кои ги бара унијата. Босанските политички лидери минатиот месец ги решија долгогодишните разлики околу предложениот Договорот за стабилизација и асоцијација со Брисел, отворајќи го патот на земјата да поднесе формална кандидатура за членство. БиХ е единствената земја од Западен Балкан која треба допрва официјално да аплицира и да добие статус на земја кандидат за членство во ЕУ. Договорот, покрај тоа што ќе ги регулира правните и политичките односи меѓу ЕУ и БиХ, исто така ќе и овозможи на Босна речиси целосно слободна трговија со ЕУ. Министрите за надворешни работи на 28-те земји членки рекоа дека партнерството сега може да оди напред, но ја предупредија земјата дека ќе мора да ги исполни обврските и нормите на ЕУ во облласта на човековите права, демократијата и политичките и економски слободи.

XS
SM
MD
LG