Достапни линкови

Опозицијата бара преодна влада, власта ја окрупнува коалицијата?


Премиерот Никола Груевски рече дека формирање на преодна влада е можно, но само без ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна, преговата со ДПА за влез во власта.

Формирање преодна влада е можно, ама без ВМРО-ДПМНЕ, порача премиерот Никола Груевски вчера од партиската трибина во Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје. Половина час претходно, опозицискиот лидер Зоран Заев од партиското седиште нагласи дека само оставки и преодна влада се излез од политичката криза.

Не беше прецизирано што се подразбира без ВМРО-ДПМНЕ, дали во владата или во поддршката за формирање на таа влада. Претпоставувам дека се мислеше на учеството во владата, што не гледам дека е во колизија со она што го бараше и лидерот на опозицијата, кој бараше преодна влада која би била експертска.

Според аналитичарот Алберт Муслиу, изјавата на премиерот не е во спротивност со досегашните барања на опозицијата.

„Не беше прецизирано што се подразбира без ВМРО-ДПМНЕ, дали во владата или во поддршката за формирање на таа влада. Претпоставувам дека се мислеше на учеството во владата, што не гледам дека е во колизија со она што го бараше и лидерот на опозицијата, кој бараше преодна влада која би била експертска“, вели Муслиу.

Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Не може тоа да се очекува, бидејќи членството на таа партија и најголемиот дел од поддржувачите ја поддржуваат партијата, не поради луѓето коишто сега имаат поинакво размислување, туку поради оние што ја носат политиката на партијата. Тие се идентификуваат со Никола Груевски, со Гордана Јанкулоска и со другите коишто и ден денеска имаат битни и значајни позиции и во партијата и во општеството.

За разлика од него, професор Никола Дујоски смета дека и не постои можност за формирање преодна влада без најголемата владејачка партија. Таа додава таа мора да се изгласа во Собранието, а за неа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да дадат поддршка. Според него, не се возможни ниту варијантите внатре во партијата да дојде до промени, па во преодната влада да учествуваат други лица од ВМРО-ДПМНЕ, а не досега истакнатите.

„Не може тоа да се очекува, бидејќи членството на таа партија и најголемиот дел од поддржувачите ја поддржуваат партијата, не поради луѓето коишто сега имаат поинакво размислување, туку поради оние што ја носат политиката на партијата. Тие се идентификуваат со Никола Груевски, со Гордана Јанкулоска и со другите коишто и ден денеска имаат битни и значајни позиции и во партијата и во општеството“, вели Дујоски.

Викендов, пак, одекна и веста дека ДПА е можно да влезе во владата. Лидерот на партијата Мендух Тачи, кој јавно силно и се спротистави на опозициската СДСМ, за медиумите изјави дека разговарал со премиерот на темата.

Според Муслиу, најавата може да се смета и како порака до ДУИ, но сепак тешко е за очекување и дека барањата на Тачи ќе бидат прифатливи.

„По изјавата на лидерот на ДПА можам да разберам дека се уште се во фаза на преговарање за барањата на ДПА, не во смисла на министерски и директорски места, туку во смисла на програмски определби, а една од главните програмски определби е платформата на ДПА, која подразбира сериозно влегување во Охридскиот договор и потпишување на нов“, вели Муслиу.

И Дујоски смета дека не е за очекување ДПА да влезе во владата скоро, оти, како што вели, за тоа не гледал спремност ниту кај ВМРО-ДПМНЕ, ниту кај ДУИ.

„Меѓутоа, ценам дека ова е политика и за контролирање на амбициите на ДУИ, од една страна, но и за учество на Албанците што повеќе во, ајде да речеме, оваа непријатна состојба во македонскиот политички блок и да се обезбеди потребното мнозинство за кој било закон, па дури и за менување на Уставот ако сакате“, вели Дујоски.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG