Достапни линкови

Најмногу коментари за политичката криза


Партиската трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Спортскиот центар Борис Трајковски и бомбите на Заев - најкоментирани теми од нашите читатели.

„Медиумите не се слободни (не е проблем што се некои на страната на ВМРО, проблем е што се заплашуваат останатите). Аргумент: бомбите, Кежаровски. Јас како ВМРО-вка ми одговара, како на нормален човек, да се оправат институциите; судството и полицијата пред сè мора да функционираат без толкаво партиско влијание“. Овие зборови ги напишала Наташа по нашите прилози - информации за трибината на владејачката партија во салата „Борис Трајковски“ и говорот на првиот човек на партијата и премиер Никола Груевски на нашата веб-страница за актуелната состојба во земјава.

Јас како ВМРО-вка ми одговара, како на нормален човек, да се оправат институциите; судството и полицијата пред сè мора да функционираат без толкаво партиско влијание
Коментар од читател.

Инаку, Фејсбук-страницата на Радио Слободна Европа е преполна со реакции во форма на коментари на нашите слушатели и посетители, од кои за почеток ги издвојуваме онаа на Томислав Методи кој напишал: „Душиче, Зајко, кутриот. Како диск-џокеј пушта снимки ама некако тие три дена 'за кои Грујо сам ќе поднесел оставка' некако се истегнаја, нели?“

Нико Лов напишал: „Радио Платена Европа“, а Димче Наумовски: „Радио Соросова Европа“ и по говорот на Груевски: „То Ники. Така те сакам. Нема попуштање“.

Нема избори зашто знае дека ќе изгуби. Додека беше сигурен во поддршката на народот, правеше избори на секои две години. Сигурно дека ќе нема избори сè додека не се прочисти избирачкиот список и додека не се исчистат институциите од овие корумпирани идиоти, па кој ќе победи на такви избори нека му е со среќа.
Коментар од читател.

Жика Баев, меѓутоа коментирал: „Готови сте, готовииии!!!!“, а Маре Трпевска смета дека на луѓето од власта треба да им се забрани пристап до зградата на Владата, како на педофили што им се забранува пристап до училишта.

Јулијана Миловановиќ на нашата Фејсбук страница коментира: „Нема избори зашто знае дека ќе изгуби. Додека беше сигурен во поддршката на народот, правеше избори на секои две години. Сигурно дека ќе нема избори сè додека не се прочисти избирачкиот список и додека не се исчистат институциите од овие корумпирани идиоти, па кој ќе победи на такви избори нека му е со среќа“, напишала Јулијана.

Ванчо Дојранлиев, исто така коментира на нашата Фејсбук страница: „Ти не си ВМРО-ДПМНЕ, ти си волк во лавовска кожа... има вистински вмровци и чесни патриоти во нашата партија, ние ќе си ја вратиме правата демократска ВМРО.“ Томче смета дека може да има влада со ВМРО, „ама без криминалците“, коментирал.

Арбен Исмаили го коментира собирот во Скопје: „Браво за ВМРО, ги собра луѓето со хамбургери“, а Виолета Аризанковски вели: „Тој блее, а овците слушаат“. Мирко Георгиевски порачува: „Засрами се, Николче, и после сè што испокраде имаш образ да излезеш пред народот. Оооодиииии сиииии!!!!“, напишал тој.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG