Достапни линкови

Сириски воздушни напади во близина на Дамаск


Најмалку 26 цивили, меѓу кои и седум деца, биле убиени, а околу сто ранети во воздушните напади врз Дума, во близина на Дамаск, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Биле изведени најмалку четири напади врз позиции на бунтовниците против режимот на претседателот Башар ал Асад. Некои новински агенции јавуваат дека бројот на жртвите би можело да биде поголем бидејќи многу луѓе биле затрупани под урнатините од бомбардирањето. Најмалку 215 илјади луѓе, вклучувајќи и над 10 илјади деца, биле убиени од почетокот на конфликтот во март 2011 година.

XS
SM
MD
LG